Се укинува бесплатниот превоз во ЈСП

Од денеска престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град. На вчерашниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат. Поради тоа, од денеска ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати. Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Воведен бесплатен јавен превоз поради аерозагадувањето во Скопје

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина. Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори. Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.