Мијалков излезе од затворот во Шутка

Сашо Мијалков со полициска придружба пред Кривичниот суд во Скопје, пред изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Апелациониот суд ја прифати жалбата на обвинетиот за определување мерка притвор за предметот „Плацови на Водно“.

Претходно Апелациониот суд ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра дека Мијалков нема да избега од државата.

Гаранцијата се состои и во недвижен и во подвижен имот. Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

Мерка притвор на Мијалков му беше изречена и во врска со предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор. Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.