Нови 280 случаи на Ковид-19, 10 починати

Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 280 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 10 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Петмина починале во изминатите 24 часа, а петмина меѓу 17 ноември и 22 декември. Починатите се на возраст од 45 до 79 години.

Направени биле 3.929 тестирања.

Има и 156 оздравени пациенти.

Најмногу нови случаи има во Скопје - 137, Прилеп 24, Охрид 18, Битола и Штип по 15, Кавадарци 13, Гевгелија 10, Ресен 9, Куманово и Струмица по 8, Велес 4, Валандово и Богданци по 3, Кичево и Демир Хисар по 2, и Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран по еден нов случај.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.