Над 11 илјади луѓе евакуирани поради силните дождови во Бразил

Илустрација

Повеќе од 11 илјади луѓе мораше да ги напуштат своите домови поради поплавите во 19 општини во североисточната бразилска држава Бахија, јавија локалните власти.

Силните дождови во областа од почетокот на ноември веќе однесоа 17 животи, од кои последниот настрада во четвртокот.

Вкупно 66 општини се во вонредна состојба поради невремето, наведоа властите.

Податоците кои ги објави Цивилната заштита покажуваат дека бројот на евакуирани надмина 11 илјади, а властите директно згрижија над четири илјади луѓе.

Претставници на сојузната влада и на државата Бахија вчера почнаа операција за спасување на жителите заглавени во поплавените подрачја.