Вашингтон и Киев ги негираат тврдењата на Путин за Украина

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки

Соединетите Американски Држави и Украина негираат дека Киев подготвува воена офанзива во својот источен регион, тврдење што вчера на својата годишна прес конференција го кажа рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека „фактите јасно покажуваат дека единствената агресија на границата на Русија и Украина е военото засилување од страна на Русите и воинствената реторика на лидерот на Русија“.

Путин тврди дека загриженоста на Западот поради зголемувањето на војниците и евентуалната инвазија на Украина може да биде вовед во можен обид Украина да започне офанзива против сепаратистите на истокот.
Украинските власти негираа каква било намера за офанзива, а портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Олег Николенко рече дека тврдењето на Путин е невистинито.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен на 23 декември разговараше за ситуацијата со британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, која рече дека Украина „продолжува да покажува воздржаност што е за пофалба пред руската провокација и агресија