Пожар од автомобил ги зафати и бараките на скопското ЈП „Улици и патишта“

Противпожарна служба

Изгоре бараката во која беа канцелариите на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“. Пожар избувнал вчеравечер по полноќ. Првичните информации се дека настанал поради поради автомобил кој се запалил а бил паркиран до објектот, информира МВР.

„Пријавата ја добивме околу 01.15 часот дека на ул.„Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје. Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени, информира МВР.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје информираат дека пожарот е целосно изгаснаат и дека на терен интервенирале со шест возила и 19 пожарникари.

Иако пожарот е изгаснат протовпожарна екипа превентивно се уште е на терен. Во меѓувреме полицијата врши увид на терен.