Казахстански суд осуди 9 жени на затворски казни за трговија со луѓе

Илустрација

Казахстански суд изрече затворски казни за 13 обвинети за трговија со луѓе. Девет од осудените на затворски казни се жени. Меѓу осудените се и двајца руски државјани. Судот во јужниот казахстански град Шимкент им изрече долги затворски казни од 15 месеци до 14 години, откако ги прогласи за виновни за организирање и вмешаност во трговија со десетици Казахстанки во Бахреин во 2016-2020 година, каде што беа принудени да се занимаваат со проституција.

Судот, исто така, прогласи за виновни три други жени во случајот, но им изрече условни казни. Најстрогата казна од 14 години затвор и е изречена на Саодат Азадова како водач на групата, се вели во пресудата на судот.

Ова е случај од висок профил во кој потписници на тужбата се 36 тужители. Тоа се жени кои пораснале во сиропиталишта, специјални училишта или семејства со пониски примања и биле принудувани на проститиција. Судењето започна кон крајот на мај и се одржа зад затворени врати.