35 годишниот Бориќ, нов претседател на Чиле

Габриел Бориќ е иден претседател на Чиле

Габриел Бориќ, левичарски милениумец кој се прослави за време на антивладините протести е избран за иден претседател на Чиле на вчерашните избори. „Климатските промени, драги сонародници, не се изум. Тие се тука и имаат директни ефекти врз нашите животи и животите на идните генерации. Не случајно младите луѓе во светот го кренаа својот глас“, им порача на насобраните поддржувачи по изборната победа. Со 56 насто од гласовите, Бориќ лесно го порази со повеќе од 10 поени пратеникот Хозе Антонио Каст, кој неуспешно се обиде да ги исплаши гласачите дека неговиот неискусен противник ќе стане марионета на неговите сојузници во Комунистичката партија на Чиле и ќе ја наруши фалената оценка на земјата како најстабилна и најнапредна економија во Латинска Америка.

Кога Балканскиот картел „им ја вози“ дрогата на јужноамериканските наркобосови

На 35-годишна возраст, Бориќ ќе стане најмладиот претседател на Чиле кога ќе ја преземе функцијата во март. Тој е вториот милениумец што раководи во Латинска Америка, по Наиб Букеле од Ел Салвадор. Само еден шеф на држава, Џакомо Симончини од градот-држава Сан Марино во Европа, е помлад од Бориќ. Амбициозната цел на Бориќ е да воведе социјалдемократија во европски стил, која би ги проширила економските и политичките права без да се врти кон авторитаризмот што го прифаќаат повеќето од левицата во Латинска Америка, од Куба до Венецуела.