Османи – Нема да дозволиме територијална поделба по етничка линија

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека дијалогот со Србија е важен инструмент за постигнување стабилност во регионот, но нагласи дека Косово нема да дозволи разговори за територијална поделба по етничка линија.

Во годишното обраќање пред пратениците, таа денеска рече дека целите на Косово остануваат исти, но дека Србија не е спремна за договор. Таа оцени дека официјален Белград има јасни територијални претензии кон Косово и дека тоа не го крие во својата реторика или дејствување.

„Идеите од минатиот век имаат за цел сегрегација, а не интеграција, имаат за цел етничка поделба, а не мултиетничност“, рече таа.

Според Османи, Србија не сака договор, туку служи како „отскочна штица“ за интересите на Русија.

Кабинет на Претседателот: Ставот на Пендаровски за „Отворен Балкан“ е конзистентен


Таа повтори дека Србија има за цел да ги дестабилизира земјите во регионот, вклучувајќи го и Косово.

Косово: Две лица од руската Канцеларија за врски прогласени за „персона нон грата“

Опозициските партии го бојкотираа годинашниот говор на претседателката во Парламентот. Вјоса Османи беше избрана за претседателка на 4 април годинава и доби петгодишен мандат.