Курти ги повика граѓаните да штедат што е можно повеќе струја

Косово се соочува со енергетска криза

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа изјави дека Косово, како и цела Европа, се соочува со енергетска криза која може да се надмине само заедно со граѓаните, а повика на „максимално штедење“ на електрична енергија. Тој на прес-конференција рече дека Косово има „среќа“ што може да покрие значителна количина од домашната побарувачка преку две електрани и од обновливи извори, но дека во зима побарувачката за струја расте, главно поради греењето.

Во сиромаштија и сончевата енергија е скапа

Тој нагласи дека енергијата со која се тргува за да се покрие побарувачката сега се купува по високи цени, дури до седум пати повеќе од продажната цена. Наведе дека со тоа се загрозува финансиската можност на јавниот снабдувач и на сите компании од енергетскиот синџир да гарантираат сигурност во снабдувањето и ги повика граѓаните „максимално да штедат струја“.

Струја од јаглен како одговор на енeргетската криза

Курти рече дека граѓаните сега ги трпат последиците од лошите одлуки и недостатокот на визија во изминатите две децении. Во моментов капацитетот на Косово може да произведе најмногу 700 мегавати струја, додека потребите се до 1200 мегавати енергија, па дневно се купуваат и до 500 мегавати.