Србија ќе набави 30 хеликоптери во наредните две години

Илустрација, архивска фотографија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека во наредните две години ќе набави околу 30 хеликоптери. Тој по демонстрацијата на хеликоптерските единици на Воздухопловните сили во Ниш изјави дека годинава биле набавени број хеликоптери.

Вучиќ очекува да се набават уште вкупно 18 во 2022 година и плус 12 хеликоптери во 2023 година.

„Значи, ние ќе бидеме, ако можам така да кажам, хеликоптерска велесила во овој регион“, изјави Вучиќ.

Тој порача дека Србија ќе има и 11 хеликоптери Х145, потоа четири Ми35, три Ми17, плус 11 или 12 Ми35, кои ги купуваат половно од една членка на ЕУ. За таа цел од буџетот ќе бидат одвоени 145 милиони евра во првиот квартал од 2022 година.

Владата донела одлука во следните пет години Србија да нарача опрема, оружје и орудија, возила и муниција, мини, ракети од домашната наменска индустрија во вредност од 1,25 милијарди евра.