Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Реизбор на Мицкоски и нова доктрина на партијата

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е единствениот кандидат за лидер на опозициската партија на 17-тиот редовен конгрес на партијата. За негов реизбор право на глас ќе имаат вкупно 517 присутни делегати.

На денешниот конгрес ќе биде презентирана и новата доктрина односно платформа на партијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„Ние гледаме дека државата е во тешка економска, социјална, здравствена и енергетска криза, и за тоа нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност“ , изјави Сајковски.

По реизборот на лидерот на партијата, на Конгресот ќе се избираат и нова статутарна комисија и комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Првпат по три децении партијата одржува конгрес во главниот град, за разлика од прет четири години кога Мицкоски првпат беше избран на функцијата на вонреден конгрес на партијата во Валандово. Мицкоски е третиот човек кој застана на чело на ВМРО-ДПМНЕ, по Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.
Првите четири години од мандатот Мицкоски ги помина во опозиција.