Еколошко востание во Србија, трета сабота блокирани улици

Protest blockades of roads in Nis

Трета сабота по ред демонстанти ги блокират улиците во Србија. Организатор на денешните блокади е движењето Еколошко востание, против експлоатацијата на литиум. Според нивната најава ќе бидат блокирани околу 50 локации во Србија.

Клучното барање на демонстрантите е да се избрише од урбанистичкиот план на градот Лозница во западниот дел на Србија планот за изградба на рудник на компанијата Рио Тинто, како и да не се дозволи експлоатација на литиум во други делови на земјата.

Еколошко востание во Србија - Протести, блокади, инциденти

Демонстрантите бараат од полицијата да ги повлече прекршочните пријави напишани во изминативе две саботи за дел од демонстрантите, како и да ги процесира побрзо нападите врз демонстрантите во одвоени инциденти кои настанаа на претходните два протеста.

На претходните два протеста барањата се однесуваа на повлекување на законот за екпропријација и измани на законот за референдум, затоа што се сметаше дека тие два закони ќе бидат во корист на странската фирма која сака да изгради рудник во Лозница.

Вчера владејачката партија под притисок на јавноста ги исполни овие две барања. Организаторот на претхоните два протеста се повлече од најавите за блокади откако власта соопшти дека нивните барања се исполнети.

Претходно од компанијата „Рио Тинто“ ги отфрлија јавните критики истакнувајќи дека нивното работење ќе биде спроведено според сите прописи и протоколи