Нови 419 заразени и 14 починати од коронавирус

Илустрација

Во изминатите 24 часа се регистрирани 419 нови случаи на коронавирус во земјава, а 14 луѓе починале. Од нив осум во изминатото деноноќие, а шестмина починале меѓу 15 ноември и 4 декември, но биле пријавени сега. Починатите се на возраст од 58 до 101 години.

Направени биле 3.285 тестирања.

Најмногу нови случаи има во Скопје - 188, во Прилеп и Кавадарци по 35, Охрид 28, Битола 27, Струмица 18, Штип 14, Куманово 9, Велес и Радовиш по 8, Ресен 6, Кичево, Кочани и Берово по 5, Тетово, Неготино и Делчево по 4, Валандово 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово по 2, и Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија по еден нов случај.

Регистрирани сe 211 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.