Еден загинат, деветмина повредени во експлозија во трговски центар во Узбекистан

Трговскиот центар во Денев

Еден човек загина, а најмалку деветмина се повредени во експлозија во трговски центар во градот Денов на југот на Узбекистан. Министерството за вонредни состојби соопшти дека експлозијата се случила утринава во 4 часот по локално време.

Засега не се наведува причината за несреќата, но експлозиите на гас се чести во оваа централноазиска држава во зимските месеци поради старите цевководи и дотраена инфраструктура, како и поради слабите безбедносни стандарди.

Според властите, пожарникарите го изгаснале пожарот за помалку од половина час.

„Како резултат на експлозијата, деветмина луѓе се повредени и се пренесени во болница. Едно лице е пронајдено мртво под урнатините“, се наведува во соопштението.

Истрагата е во тек.