Ескобар повторно во Сараево на средби со претставници на БиХ

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар синоќа повторно пристигна во Сараево. Ова е трет пат за еден месец Ескобар да доаѓа во БиХ каде што ќе има нови средби со претставници на БиХ. Ескобар најпрвин го посети Сараево на 7 ноември, а потоа како дел од делегацијата предводена од специјалниот советник на американскиот државен секретар Дерек Чолет.

Ескобар-Шмит: САД ќе направи се за да успее БиХ

Тој тогаш изјави дека санкциите за БиХ се подготвени, но, тие нема да бидат насочени кон Република Српска, туку кон поединци, политички лидери кои дејствуваат против Дејтонскиот договор. Ескобар вчера престојуваше во Скопје при што ја изрази силната поддршка на американската администрација за брза евроинтеграција на Македонија.

Ескобар - Со европските партнери работиме за интеграција на С. Македонија во ЕУ

Тој по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи се заблагодари за континуираната поддршка и посветеност на Северна Македонија во НАТО и истакна дека заедно со европските партнери работат за да обезбедат побрза интеграција на земјата во Европската Унија.