Адвокатот Никола Минчев избран за претседател на бугарското Собрание

Пратеникот на „Продолжуваме со промената“ Никола Минчев

Пратеникот на „Продолжуваме со промената“ Никола Минчев денеска е избран за претседател на 47. Народно собрание на Бугарија. Тој беше предложен за функцијата од страна на коосновачот на коалицијата Кирил Петков. Единствен противник на Минчев беше Цончо Ганев од „Преродба“.

Новиот претседател на Парламентот има 34 години и по професија е правник. Тој беше носите на листата на „Продолжуваме со промени“ во Перник.

Во краткиот говор пред пратениците, Минчев рече сега почнува тешката задача да се оправда довербата добиена од бугарските граѓани.

За него гласаа 158 пратеници додека само 13 пратеници го поддржаа кандидатот на „Прердоба“, Цончо Данев.

Треба да се изберат и седум заменици-претседатели на Народното собрание, колку што е и бројот на парламентарните партии и коалиции во новиот бугарски парламент.

Денеска се одржа првата седница на 47. Народно собрание. Годинава во Бугарија трипати имаше парламентарни избори, последните се одржаа на 14 ноември.

По заклетвата на пратениците, на говорницата на Народното собрание се обрати и претседателот Румен Радев, а потоа говореа и претседателите на пратеничките групи.