Полицијата постапува по пријава за напад во МНТ

МНТ

Полицијата постапува по пријава за напад, велат од МВР откако дел од македонските медиуми јавија дека се блокирани сите патишта кои водат до Македонскиот народен театар поради пријава за поставен екплозив. Од МВР велат дека добиле дојава за напад денеска во 16 часот и 45 минути.

„Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и дека веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста“ се вели во одговорот на МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните податоци.

Полицијата го евакуираше просторот околу Театарот и Министерството за надворешни работи. На овој простор е забележано засилено присуство на полициски сили, додека за кратко време патот што води кон МНР бил блокиран за сообраќај.