Најмалку 14 загинати и двајца повредени при пад на хеликоптер во Азербејџан

Илустрација, урнат хеликоптер

Воен хеликоптер на Државната гранична служба на Азербејџан се урна, при што загинаа 14 членови на екипажот, а две воени лица се повредени. Двајца полковници, пет мајори, тројца капетани, еден капетан од воената медицинска служба, двајца поручници и еден изведувач загинаа во несреќата, се вели во соопштението на граничната служба. Во него е посочено дека еден полковник и еден капетан ја преживеале несреќата и дека тие се хоспитализирани.

Граничната служба и Канцеларијата на генералниот обвинител во јужнокавкаскиот регион соопштија во заедничко соопштение дека хеликоптер се урнал денеска за време на воени маневри во близина на аеродромот Карахејбат во источната област Ксизи.

Двете надлежни институции во претходно соопштение посочија дека е започната заедничка истрага за несреќата.