Протести поради суштата во Иран

Протест во Исфахан, Иран

Иранската полиција употребила солзавец за да растера стотици луѓе кои протестирале во централниот град Исфахан, со барање владата да реагира за да ги спаси од суштата, објавија медиумите.

Видео снимка објавена на социјалните мрежи покажува како полицијата се судира со демонстрантите во сувото корито на реката Зајандехруд. Други видеа покажуваат слични сцени во блиските улички во Исфахан.

Собирот на околу 500 луѓе во Исфахан беше прекинат со големи безбедносни сили, јави полуофицијалната новинска агенција Фарс.

Земјоделците вчера најавија дека ќе завршат со еднонеделниот протест откако властите им ветија дека ќе им надоместат за претпените штети од суштата.

Сушата е проблем во Иран околу 30 години, но се влоши во текот на изминатата деценија, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Иранската метеоролошка организација соопшти дека 97 отсто од земјата сега се соочува со одредено ниво на суша.

Земјоделската област околу Исфахан некогаш била добро снабдена со вода од реката Зајандехруд, но блиските фабрики со текот на годините сè повеќе користеле од водата од реката. Сега од реката има само остатоци.