Достапни линкови

„Безнадежно жедни“: расте гневот на Иранците спрема власта


Протести поради недостиг на вода во Кузестан

Недостатокот на вода во југозападната иранска провинција Кузестан предизвика протести кои се проширија и во други градови и провинции, вклучувајќи го и главниот град Техеран, каде што демонстрантите извикуваа пароли против власта. Голназ Есфандијари и Мохамад Заргами

Економскиот очај и растечката фрустрација во иранското општество, според аналитичарите, доведоа до големи демонстрации низ целата земја, кои започнаа со протести поради недостиг на вода на југозападната провинција Кузестан.

„Ако општеството не беше безнадежно, немаше да излезе на улица, немаше да реагира, неговото незадоволство немаше да резултира со протести и немаше да може да го крене својот глас“, вели социологот од Техеран Саид Мадани за РСЕ.

Нов рекорд на заразени со ковид во Иран

Илјадници луѓе протестираа против недостигот на вода предизвикан од големата суша и влошен од повеќегодишното државно лошо управување со природните ресурси и лошото планирање во Кузестан, регион богат со нафта, каде што жителите - вклучувајќи го и големото етничко арапско малцинство - долго време се жалат дека се третираат како луѓе од втора класа.

Иран - пукање врз демонстранти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Во покраината има околу 80 проценти од нафтените полиња и 60 проценти од резервите на природен гас во земјата. Но, нејзините жители велат дека немаат корист од ваквото богатство бидејќи се соочуваат со загадување, уништување на нивните мочуришта и недостиг на вода што ги уништи земјоделството и сточарството.

Властите велат дека повеќе од 700 села во регионот се соочуваат со тешкотии во пристапот до вода и дека многу жители добиваат вода само преку цистерни што ги испраќа владата.

На протестите во Кузестан владата одговори со сила и со исклучување на интернетот. Таа тактика ја користи Техеран за да ги спречи демонстрантите да се организираат, како и да го ограничи слободниот проток на информации и да го скрие обемот на протестите.

Амнести Интернешнл: Во Иран убиени 30 затвореници при протест

Амнести Интернешнл соопшти дека безбедносните сили користеле „автоматско оружје и солзавец“ за да ги растераат демонстрантите. Најмалку осум демонстранти и случајни минувачи, вклучително и еден тинејџер, биле убиени во операцијата во различни градови низ провинцијата, наведуваат групите за човекови права, додавајќи дека имало и масовни апсења во покраината.

„Невини и жедни“

Протестите во Кузестан кои избувнаа на 15 јули и траеја скоро една недела ги натераа граѓаните во другите провинции и градови да излезат на улица и го зголемија гневот кон свештеничкиот естаблишмент и неговиот највисок орган - врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи - кој демонстрантите го нарекоа диктатор.

Многу новинари, адвокати, неистомисленици, уметници и други Иранци неодамна издадоа коментари за поддршка на Кузестан, истовремено осудувајќи ја акцијата.

Група активисти, вклучително и истакнатиот застапник за човековите права Наргес Мохамади, беа приведени неколку часа на 20 јули откако организираа мирен собир пред Министерството за внатрешни работи за да ја изразат својата загриженост за употребата на сила против „невиниот и жеден народ“ во Кузестан.

Протести имаше и во Техеран каде што граѓаните извикуваа пароли против иранскиот естаблишмент и Хамнеи. „Мула мора да си оди“, скандираа демонстранти во Техеран, според аматерските видеа на Интернет.

Заменик гувернерот на Техеран Хамидреза Гударзи потврди дека имало протест во градот, истовремено велејќи дека причината за протестот била „недостаток на електрична енергија“.

Неговото тврдење наиде на критики и сарказам на социјалните мрежи каде што беа истакнати скандирањата против естаблишментот од страна на демонстрантите.

„Да претпоставиме дека имате право и дека протестот во Техеран беше поради прекин на електричната енергија. Колку мизерно мора да е тоа што кога има прекин на струја или кога доцни метрото, луѓето да скандираат против нејзиниот највисок орган и да го доведуваат во прашање целиот систем“, напиша активистот од Техеран Хосеин Разаг на Твитер.

Хаменеи повика на единство во Иран

Протести за поддршка на Кузестан имало и во Исфахан, Табриз, Бојнурд, Сагез и други големи градови. „Гласот на општеството е силен. Кузестан има силен глас“, вели социологот Мадани, додавајќи дека Иранците сакаат да бидат слушнати, но дека средната класа во земјата - која се намалува поради влошувањето на економијата под санкциите на САД - не сака насилство.

„Средната класа избегнува насилство и смета дека промената треба да дојде по ненасилен пат“, изјави Мадани за РСЕ.

„Интензивирање“

Многу Иранци го сигнализираа своето незадоволство од нивните лидери со бојкотирањето на претседателските избори во јуни годинава, кои резултираа со избор на тврдокорниот свештеник Ебрахим Раиси по дисквалификацијата на стотици надежни, вклучувајќи ги и сите потенцијални сериозни ривали.

Избори во Иран - меѓу сиромаштијата и пандемијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:15 0:00

Одѕивот на гласачите од 48,8 проценти беше најмал досега во Исламската република, основана во 1979 година.

Овие претседателски избори беа први по бруталната државна акција против протестите во ноември 2019 година, предизвикани од наглото покачување на цената на бензинот. Тогаш, според Амнести Интернешнл, најмалку 300 лица беа убиени од безбедносните сили.

Бајден: Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје

Лошото постапување на владата со пандемијата на коронавирусот и бавната кампања за вакцинирање, исто така, доведоа до фрустрација кај луѓето во услови на пораст на бројот на смртни случаи од ковид-19 и зголемен број на инфекции како резултат на ширењето на многу заразната варијанта делта.

Хатам Гадери, професор по политички науки во Техеран, вели дека продолжувањето на сегашниот пат на ирационалност може да доведе до колапс на иранскиот естаблишмент.

„Социјалните празнини се шират, ако не се контролираат и ако неразбирањето од естаблишментот продолжи, тогаш тие можат да доведат до колапс“, вели Гадери.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG