Во Чешка за еден ден 27.717 нови случаи на коронавирус

Чешката влада на прогласи вонредна состојба поради напливот на случаи на ковид-19

Чешката влада на прогласи вонредна состојба поради напливот на случаи на ковид-19 во земјата, овозможувајќи повторно воведување на построги ограничувања за да се спречи ширењето на вирусот. Чешка објави 27.717 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс регистриран во земјата од 10,7 милиони од почетокот на пандемијата, покажаа податоците на Министерството за здравство на 26 ноември.

Европа посегнува по „локдаун“ и покрај насилните протести против мерките за невакцинираните

Бројот на смртни случаи исто така е во пораст. Досега во Чешка од ковид-19 починаа 32.643 лица. Седумдневната просечна стапка на инциденца, исто така, продолжува да расте, со 1.097 случаи на 100.000 луѓе. Бројот на лица на интензивна нега е 848, речиси шест пати поголем во однос на 150 пред еден месец. Процентот на чешкото население кое е целосно вакцинирано изнесува 58,7 проценти.