Времето денеска: променливо облачно со локален дожд

Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Дневната температура ќе биде од 2 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 9 степени.