Албанија го ратификува договорот за заедничка контрола на границите со Македонија

раничен премин „Блато“ меѓу Македонија и Албанија

Албанскиот Парламент, на денешната пленарна седница, што ја почна со едноминутно молчење во знак на почит на загинатите македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија, го ратификува договорот за заеднички контроли на граничните премини со Македонија.

„Албанија и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични контроли по истиот модел што го имаме со Косово и Црна Гора“, рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи во своето обраќање во Собранието.

На сите гранични премини ќе има само еден контролен шалтер.

Долж македонско албанската граница функционираат граничните премини Блато и Џепиште (кој е од локален карактер и веќе функционира заедничка контрола) кај Дебар, Ќафасан кај Струга, Стење кај Ресен и Свети Наум кај Охрид.