Радев очекува дијалогот со С. Македонија да води до конкретни резултати

Бугарскиот претседател Румен Радев

Софија очекува дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати, рекол денеска бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија. Тој смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Радев посочил дека главен акцент во тој дијалог е ставен на почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во С Македонија.

Бугарија една година го блокира почетокот на преговори на Македонија со ЕУ.