Јанев: Бугарија нема да отстапи од позицијата за Северна Македонија

привремениот бугарски премиер Стефан Јанев

Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече во речиси едночасовното интервју за БНТ привремениот бугарски премиер Стефан Јанев. Според него, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.

Купчан: ЕУ треба да изврши притисок врз Бугарија за преговорите со С.Македонија

Американски конгресмени бараат Бугарија да го тргне ветото за С. Македонија

Јанев, исто така, рече дека пред да ја преземе функцијата преодната влада во мај оваа година, позицијата не била јасно соопштена. „Нема да отстапиме од нашата позиција“, изјави тој.