Во тек е идентификација на жртвите, македонското обвинителство ќе ги обезбеди документите за автобусите

Сообраќајната незгода во Бугарија во која загинаа најмалку 46 македонски државјани

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафовна на прес конференција со македоскиот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи синоќа на автопатот Струма во Бугарија.

На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во можност да дадат исказ.

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите, рече Сарафов.

Сите потребни документи, Сарафов нагласи дека обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје. Македонскиот јавен Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа.

Македонското обвинителство ќе помогне со обезбедување на целокупната документација за сите автобуси од конвојот на „Беса транс“, кога се регистрирани и кога биле на технички преглед, како и со идентификација на жртвите.

„Станува збор за голема трагедија, ако се има предвид дека загинаа 12 деца. Заедно со колегите од Бугарија се договоривме за понатамошна соработка за расчистување на сите нејаснотии околу оваа трагедија. Ние подолги години со бугарското обвинителство имаме професионална соработка и веруваме дека ова обвинителство професионално ќе ги разјасни сите околности околу овој настан. Ние ќе дадеме секаква помош во однос на обезбедување документација и идентификација на загинатите“, рече Јовески.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Десетици загинати во несреќа на македонски автобус во Бугарија

Шефицата на ОЈО Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс“ функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобус бил нов, и во функција е само три години.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на теритоиријата на Бугарија.

Автобуската несреќа се случи синоќа некаде два часа по полноќ на автопатот „Струма“, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември.