Германија пак го одби предлогот на Лукашенко да прими мигранти

Мигранти долж белоруската граница со ЕУ

Германија повторно го отфрли предлогот на Алаксандар Лукашенко да прими околу 2.000 мигранти кои во моментов се наоѓаат на територијата на поранешната советска република. Претходно авторитарниот владетел на Белорусија Лукашенко ги обвини европските власти дека не се соработуваат со Минск за решавање на проблемот и предупреди дека тоа може да доведе до вооружен конфликт.

ЕУ го обвинува Минск дека донел илјадници мажи, жени и деца од Блискиот Исток и ги „турка“ да преминат во европскиот блок преку Полска, Литванија и Латвија, како одговор на санкциите на ЕУ воведени по бруталната белоруска акција против демонстрантите кои минатата година се спротивставија на како што велат наместените претседателски избори.

Лукашенко денеска изјави дека не сака кризата да ескалира.

„Не сакаме конфронтација, бидејќи разбираме дека ако одиме предалеку, војната е неизбежна“, ја пренесува изјавата на Лукашенко белоруската новинска агенција Белта.

Портпаролот на германската влада веднаш ги отфрли критиките на Лукашенка за „неподготвеноста“ на Берлин да прими околу 2.000 мигранти кои се дел од илјадниците мигранти заглавени долж белоруската граница со источното крило на ЕУ, како и во други делови на земјата.

„Идејата да има хуманитарен коридор до Германија за 2.000 мигранти не е решение што е прифатливо за Германија или ЕУ“, рече портпаролот на германската влада, повторувајќи го веќе искажаниот став на Берлин за сличен предлог од минатата недела.

Лукашенко негира дека ја поттикнува кризата со префрлање мигранти од Блискиот Исток во пограничните региони, иако минатата недела во интервју за Би-Би-Си призна дека е „апсолутно можно“ некои белоруски војници да им помагаат на мигрантите да се обидат да преминат илегални на територијата на ЕУ.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера изјави дека е загрижен дека кризата може да се претвори во нешто „многу полошо“ поради информациите од полската гранична служба дека мигрантите сè уште се носат на граница.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки предупреди еден ден претходно дека мигрантската криза по наредба може да доведе до „нешто многу полошо“, но Лукашенко рече дека неговата земја не сака каква било конфронтација.

Мигрантите во изјави за светските новински агенци ивелат дека сакаат да стигнат до Германија преку Полска, а Лукашенко изјави рече дека е подготвен да ги испрати таму со авион доколку е потребно.

На 18 ноември, белоруските власти испратија околу 400 мигранти назад во Ирак со авион, а Лукашенко на 22 ноември рече дека неговата влада е подготвена да организира сличен лет за Ирак со мигранти во авионот „ако има потреба“.