Вархеји на средби со министрите за надворешни работи од Западен Балкан

Еврокомесарот Оливер Вархеји

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји оваа недела ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина и со вицепремиерот на Косово. Пред одвоените средби со претставниците на Западен Балкан, Вархеи учествуваше на вчерашната дебата за Западен Балкан на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, која беше фокусирана врз ситуацијата во БиХ и односите меѓу Србија и Косово.

ЕК ја критикува блокадата за старт на преговори со Скопје

Вархеји потоа разговараше со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ и црногорскиот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ. Денеска Вархеји посебно ќе ги прими министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, вицепремиерот на Косово Бесник Бесљими и министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ.