Џонсон - Дефиницијата за целосно вакцинирани ќе вклучува трета доза

Британскиот премиер Борис Џонсон.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека дефиницијата за целосно вакцинирани ќе треба да се прилагоди, за да ја вклучи трета или засилена доза од вакцината против Ковид-19.

За ваквиот потег тој сепак не даде временска рамка.

Сега, ако сте целосно вакцинирани, тоа значи дека сте примиле две вакцини против ковид. Секој над 40-годишна возраст во Британија сега има право на засилена доза, шест месеци по примањето на втората доза.

„Многу е јасно дека три дози ќе станат важен факт и дека ќе ви го олеснат животот на различни начини“, рече Џонсон на прес-конференција.

„Ќе мораме да го прилагодиме нашиот концепт за тоа што значи целосна вакцинација за да го земеме тоа предвид и мислам дека тоа станува се поочигледно“, рече Џонсон.

Над 36.000 нови инфекции и 63 смртни случаи беа регистрирани во Велика Британија на 14 ноември. Во моментов во земјата над 46 милиони жители се целосно вакцинирани.