ДУИ и СДСМ ја слават победата на Дука во Дебар

ДУИ и СДСМ ја прославуваат победата на локалните избори во Дебар на 14 ноември 2021

Кандидатот за градоначалник од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата, Хекуран Дука вечерва прогласи победа по вториот круг од гласањето. Според ДУИ, Дука има 136 гласови повеќе од неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива, подржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментов, на веб-страната на Државната изборна комисија, по обработени 13 од 27 гласачки места, за Дука гласале 1720, а за Поцеста 1735 граѓани.

Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани.

Пред насобраните се обрати шефот на Изборниот штаб Артин Спахиу, кој рече дека тие се партија која се грижи за сите, чии цели се НАТО и ЕУ а на македонски се заблагодари и за „безрезервната поддршка од СДСМ“.

Кусо се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Дебар и дебрани секогаш знаеле да го изберат она што е најдобро за нив и вети продолжување на поддршката од централната власт.

Дука рече дека, како и досега, и во иднина ќе биде градоначалник на сите граѓани, независно од национална, верска, партиска или каква било припадност.

„Сега ве повикувам да прославиме, достоинствено без никакви провокации на плоштадот Скендербег, а од утре да ги засукаме ракавите и ќе работите во остварување на ветеното“, рече Дука.

Тој беше градоначалник и во изминатите 2,5 години, кога дебрани му ја дадоа довербата на вонредните локални избори на 21 април 2019, што беа спроведени по смртта на Ружди Љата, кој почина во ноември 2018 година по кусо и тешко боледување.

Дука по занимање е лекар специјалист-уролог, вработен во општата болница со проширена дејност во Дебар, оженет е и е татко на три

Вториот круг на локалните избори во Дебар се одржува денеска, затоа што пред две недели, кога се одржа вториот круг во земјава, во Дебар се прегласуваше на едно избирачко место во првиот круг.