Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Вакцинација против ковид-19 во Скопје

Во првите два дена од неделава аплицирани се вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани како прва доза, 1.938 се ревакцинирани, а 4 700 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 ноември вкупно се вакцинирани 811 226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48 087 граѓани, соопшти денеска Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.