Почина последниот апартхејд лидер на Јужна Африка

Фредерик Вилем де Клерк

Фредерик Вилем де Клерк, поранешен претседател на Јужноафриканската Република, почина од рак на 85-годишна возраст. Болеста му била дијагностицирана на почетокот на годинава.

Тој беше последниот претседател на Јужна Африка за време на апартхејдот и клучен играч во транзицијата на земјата кон демократија. На чело на државата беше од септември 1989 до мај 1994 година, соопшти Фондацијата на де Клерк.

„Поранешниот претседател де Клерк почина мирно во својот дом во Фреснаје (Кејп Таун) рано утринава по борбата против мезиолитома рак“, се вели во соопштението на Фондацијата.

Де Клерк беше контроверзна личност во Јужна Африка, го обвинуваат за насилство врз црните Јужноафриканци, а белците го обвинуваат дека бил предавник. Тој и Нелсон Мандела во 1993 ја поделија Нобеловата награда за мир за нивните напори да ја обединат поделената земја по децении на апартхејд.

Де Клерк нареди ослободување на Мандела во 1990 година по поминати 27 години во затвор. Мандела подоцна стана претседател на Јужна Африка.