Во Германија рекорден број заразени од почетокот на пандемијата

Во Германија во последните 24 часа е забележан најголем број новозаразени од коронавирус од почетокот на пандемијата. Институтот Роберт Кох регистрирал 50 илјади и 196 нови случаи на инфекција, што е првпат да биде надминат прагот од 50 илјади.

Претходниот рекорд бил забележан на 18 декември минатата година, кога имало над 33 илјади заразени.

Канцеларката Ангела Меркел оцени дека текот на заразата во земјата е „драматичен“.

Во последните 24 часа има 235 починати. Од почетокот на пандемијата во Германија се заразени 4,6 милиони луѓе.

Нешто повеќе од 67 проценти од Германците се вакцинирани против ковид-19.