Модерна бара одобрување на вакцината за деца од 6 до 11 години

Вакцина Модерна

Модерна поднесе барање за употреба на нејзината вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од 6-11 години. Барањето е упатено до Европската агенција за лекови за употреба на доза од 50 микрограми од вакцината кај деца, што е половина од јачината што се користи во вакцинациите за возрасни.

Европската унија во јули ја одобри вакцината за употреба кај тинејџери на возраст од 12 до 17 години, но неколку земји, вклучително и Шведска, ја паузираа нејзината употреба за луѓе на возраст од 30 години и помлади поради ретки несакани ефекти поврзани со срцето.

Производителот на лекови претходно го одложи барањето во САД за деца на возраст од 6 до 11 години, додека американската Агенција за храна и лекови го комплетираше својот преглед за употребата на вакцината кај возрасната група од 12 до 17 години.

Модерна кон крајот на октомври соопшти дека на американскиот регулатор за лекови му треба повеќе време за да го заврши својот преглед за употреба кај возрасната група од 12 до 17 години, бидејќи го проучува ризикот од тип на срцево воспаление наречено миокардитис по вакцинацијата.

Претходно компанијата рече дека нејзината вакцина генерира силен имунолошки одговор кај деца на возраст од шест до 11 години и дека планира наскоро да ги достави податоците до глобалните регулатори.

Модерна во вторникот соопшти дека поднела барање до Европската агенција за лекови за употреба на доза од 50 микрограми од вакцината кај деца, што е половина од јачината што се користи во вакцинациите за возрасни.