Од ковид починала 16 годишна девојка од тетовско

Ковид амбуланта во Скопје.

Од ковид починале 16 годишна девојка на Клиниката за инфективни болести, соошти Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека девојката од тетовското село Сиричино од Болницата во Тетово со возило на Итна Помош била донесена на Инфективна клиника. Таа во тетовската Болница била до 21 до 23 октомври, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале 9 дена од иницијалниот прием во тетовската болница.

Според медицинскиот извештај од Клиниката инфективни болести во Скопје станува збор за исклучително тежок случај, девојката била кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Додека била во болница со анализи било потврдено и дека има белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето брзо и се влошила респираторната функција. Младата пациентка не била вакцинирана, соопштуваат од Министерството за здравство.

Минатата недела од ковид почина 17 годишна девојка од Демир Хисар. Бројот на починати од ковид во земјава, заклучно со вчера изнесува 7.159.