Русија бележи рекорд по број на починати од ковид

Ковид центар во Русија

Втор ден по ред во Русија се бележи рекорден број на починати од ковид-19. Поради растот на заразени властите во Русија воведоа неработна недела на национално ниво.

Здравствените власти во Русија соопштија дека има 1.189 смртни случаи како последица на ковид, со што е надминат вчерашниот рекорд од 1.178 смртни случаи. За четири дена, ова е трет рекорд на починати од ковид. На 31 октомври беа регистрирани 1,161 смртни случаи.

Властите објавија и дека има 40.443 нови заразени во последните 24 часа, од кои 6.827 во Москва.

Во Русија која има 146 милиони жител се регистрирани повеќе од 8,5 милиони инфекции за време на пандемијата. Официјалниот број на смртни случаи од ковид-19 во Русија изнесува 242.060 и е најголем во Европа, а земјата е на четврто местово светот зад Соединетите Американски Држави, Бразил и Индија.

Но, Владината работната група за борба против ковид фи брои само смртни случаи директно предизвикани од вирусот. Државната статистичка служба Росстат, која ги брои смртните случаи од ковид-19 по пошироки критериуми, на 29 октомври објави бројки според кои околу 462 илјади лица починале заклучно со крајот на септември, што е речиси двојно повеќе од бројот на Владината работната група во тоа време.

За да го спречи ширењето на инфекцијата, рускиот претседател Владимир Путин нареди платен „неработен“ период од 30 октомври до 7 ноември, за време на кој повеќето државни институции и приватни бизниси го прекинаа работењето.