Починати 13 луѓе и нови 495 случаи на заразени со ковид-19

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани 495 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4.145 тестирања. Според податоците од Министерство за здравство во изминатово деноноќие се починати 13 луѓе од последици од коронавирусот.

Најмладиот починат пациент од ковид-19 во изминативе 24 часа имал 36 години од Велес, а најстариот бил жител на Крива Паланка на возраст од 73 години. Најголем број на новозаразени се евидентирани во Скопје вкупно 228, потоа Кавадарци 30 и Велес 27.

Најголем број на активни случаи во земјава се регистрани во главниот град, вкупно 3340, втор на листа е Куманово со активни 422 случаи на заразени со ковид-19, а веднаш по него е Велес со активни 348 случаи на ковид-19. Од сите градови најмалку активни случаи на заразени со ковид-19 е забележано во Демир Капија, само еден случај.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.