Лекови, љубов и политика

МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против ковид 19, лекот Молнупиравир, информираат од Министерството. Од таму велат дека ставиле во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

МАКЕДОНИЈА - Реактор во нуклеарна централа во југозападниот регион Ростов во Русија беше исклучен по откривањето на истекување на пареа. Операторот соопшти дека нивото на радијација е нормално.

РОМАНИЈА - Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го назначи пензионираниот генерал Николае Чиука за мандатар за состав на новата влада. Со оваа одлука на претседателот Јоханис се стави крај на едномесечниот политички ќорсокак.

РУСИЈА - Русија пријави нова варијанта на ковид-19, за која се верува дека е уште позаразна од Делта-сојот. Во земјата расте бројот на заразени и починати од ковид, што ги натера властите повторно да воведат рестриктивни мерки.

МАКЕДОНИЈА - Триесет и пет државјани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште.

МАКЕДОНИЈА - Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Скринингот на учениците почна вчера, а се тестираат ученици од средни училишта во Скопје и од повеќе основни училишта низ земјата.

РУСИЈА - Руските власти распишаа потерница по опозициска активистка Љубов Собол, која е блиска соработничка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални. Таа избега од земјата откако беше прогласена за виновна за кршење на мерките за коронавирус.

АВГАНИСТАН - Талибанските милитанти нападнале неколку новинари што известувале од собир во Кабул на група жени кои барале работа, леб и образование.

УКРАИНА - Во Украина е регистриран нов рекорд на заразени од ковид. Во земјата неколку расте бројот на заразени и на починати лица и покрај тоа што властите донесоа построги мерки.

КОСОВО - Меѓународната организација Алијанса за мир и слобода (АПФ), која собира екстремно десничари, планира митинг на северот на Косово, потврдено е за Радио Слободна Европа (РСЕ). Како што изјави за РСЕ лидерот на десничарското движење Српска десница Миша Вациќ, намерата е да им се обезбеди меѓународна поддршка на Србите во Косово на митингот во средината на ноември.

БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата сепак ќе треба да разговара со Русија откако Москва ја прекина дипломатската мисија во НАТО поради спор за шпионажа. Тоа значи потпирање врз телефонската линија помеѓу началникот на Генералштабот на Русија, Валериј Герасимов и Тод Волтерс, врховен командант на НАТО во Европа, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавија официјални претставници и дипломати.

БУГАРИЈА - Во Бугарија од денеска, како што нареди Министерството за здравство, сите активности во затворени простории ќе се изведуваат само со поседување зелен сертификат. Документот се однесува на завршен циклус на вакцинација, прележан ковид-19, антиген тест не постар од 48 часа или ПЦР тест кој важи 72 часа. Условот за зелен сертификат важи за кино сали, театри, концерти, музеи, галерии, трговски центри, продавници над 300 квадратни метри, спортски сали, спортски сали, клубови, базени, ресторани, хотели, пазари, пазари, чаршии, фудбалски натпревари.

САД - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе лансира сопствена апликација за социјални медиуми, TRUTH Social, за која рече дека ќе им се спротивстави на големите технолошки компании како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи.