Регистрирани 472 случаи на ковид 19, починале 8 лица

илустрација

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19.

Најмногу случаи има во Скопје – 222, потоа следуваат Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 498 оздравени. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669. бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.