Партиите ги чекаат официјалните резултати од локалните избори

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес -конференција по првиот круг од локалните избори 2021 година

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг од локалните избори, тврдејќи дека добила најмалку 20 градоначалници, иако официјалните резултати сѐ уште не се објавени. Исходот во трката за градоначалник во главниот град Скопје е нејасен, а вториот круг најверојатно ќе биде помеѓу актуелниот од СДСМ, Петре Шилегов и независниот кандидат Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Вториот круг треба да се одржи на 31 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа, СДСМ ги очекува коалициските гласови во втор круг

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави победа во битката за градоначалници во повеќе од 20 општини и во трките за советници во најмалку 50 општини во првиот круг. Владејачката партија СДСМ на премиерот Зоран Заев соопшти дека победува или води во 36 градови. Заев рече дека е уверен дека неговата партија ќе заврши на врвот по вториот круг. Севкупните резултати, доколку се потврдат, би претставувале пад на поддршката за СДСМ, која имаше 57 градоначалнички места по локалните избори во 2017 година. ВМРО-ДПМНЕ имаше само пет градоначалници на ова гласање.

Заев – На крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Владиниот коалициски партнер на Заев, партијата на Албанците ДУИ, тврди дека нејзините кандидати веќе имаат тројца градоначалници. ДУИ, исто така, објави дека води во неколку други општини каде што мнозинството од населението се етнички Албанци. Државната изборна комисија објави дека излезноста на локалните избори била 49 проценти. Конечните резултати се очекуваат денеска попладне.