САД и Грција го продолжија воениот договор на неодредено време

министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас, архивска фотографија

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и неговиот грчки колега, министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, го обновија Договорот за меѓусебна одбрана меѓу САД и Грција. Содржината на договорот потпишан во четвртокот во Стејт департментот ја проширува воената соработка меѓу двете земји и ќе им овозможи на американските војници пристап до грчките воени бази на неодредено време. „Ова ажурирање ќе овозможи договорот да остане на сила неограничено, и ќе им овозможи на американските сили во Грција да тренираат и работат од дополнителни локации“, рече Блинкен. Американските власти го опишаа одбранбениот пакт како критичен за одговор на новите безбедносни предизвици во источното Средоземно Море. Договорот предвидува зголемување на заедничката активност САД-Грција и НАТО во Лариса, Стефановикио и Александрополи и американските вооружени сили дополнително да ги развијат и подобрат капацитетите во поморската база Суда, на Крит.

Грција со демарш до Турција за вознемирување на брод за научни истражувања

Чавушоглу и Дендиас се судрија на заедничка прес конференција

Грција голем дел од својата одбранбена стратегија ја заснова на тесна воена соработка со САД и Франција, бидејќи останува заклучена во нестабилен спор со соседот Турција за морските и воздушните граници.
Турција вели дека е неправедно исклучена од пристапот на минерали на морското дно во источниот Медитеран во спорот што предизвика тензичен поморски судир со Грција минатата година и ја обнови тензијата во последните недели.

Грчкиот парламент го ратификува договорот за одбрана со Франција

Грција претходно овој месец го ратификуваше договорот за одбрана со Франција, кој вклучува клаузула за взаемна помош во случај на вооружен напад против кој било од нив - пакт што ги налути колегите членки на НАТО, Турција. Петгодишниот договор беше објавен минатата недела во Париз од премиерот Киријакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон. Грција, исто така, објави дека планира да купи три француски фрегати, договор што треба да се финализира до крајот на годината.