Мајкрософт го укина Линктин во Кина

Илустративна фотографија.

Мајкрософт ја укина својата социјална мрежа Линктин во Кина, велејќи дека почитувањето на правилата на кинеската држава станало голем предизвик.

До ова доаѓа откако веб-страницата за вмрежување на деловно ниво се соочи со прашања за блокирање на профилите на некои новинари.

Линктин подоцна оваа година ќе лансира верзија само за работа наречена „ИнЏобс“.

Но, тоа нема да вклучува социјални содржини или можност за споделување или објавување написи.

Вишиот потпретседател на Линктин Мохак Шроф на блогот напиша: „Се соочуваме со многу попредизвикувачка работна средина и поголеми барања за усогласеност во Кина“.

Линктин беше единствената голема западна социјална мрежа што работеше во Кина.