Едно лица загина, неколкумина се ранети на протестите во Бејрут

Војници патролираат по пукањето во Бејрут, Либан. 14 октомври 2021 година.

Едно лице загина и неколкумина се ранети при отворен оган на протестите во Бејрут против судијата кој ја води истрагата за минатогодишната експлозија.

Пукањето се случило во близина на Палатата на Правдата во Бејрут, додека демонстранти од движењата Хезболах и Амал бараа судијата Тарек Битар да биде сменет.

Станува збор за големата експлозија на пристаништето во Бејрут на 4 август, при што загинаа 219 луѓе. Тие го обвинуваат судијата дека неправедно го издвоил бившиот министер од истрагата поради сомнеж за делување од негрижа.

Претходно судот ја одби тужбата која беше поднесена против истиот судија. Семејствата на настраданите во експлозијата го осудија таквиот потег, по што истрагата по втор пат е прекината во изминативе три седмици.

Досега никој не одговарал за катастрофата која се случи на пристаништето при која загинаа 219 луѓе.

Пожар ја потикна детонација на 2.750 тона амониум нитрат, запалива хемикалија која масовно се користи во Либан како земјоделско гориво, а која повеќе од 6 години не била соодветно и безбедно складирана.