Убиен шефот на талибанската полиција во Авганистан

При експлозија на бомба денеска во Асадабад главниот град на провинцијата Кунар во источен Авганистан загина шефот на талибанската полиција загина додека а 11 лица беа ранети.

Очевидци за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа изјавија дека бомбата била насочена кон возило во кое се наоѓал талибанскиот полициски началник за областа Шигал. Локалните талибански претставници не откриваат детали за инцидентот.

Лекар во Централната болница Асадабад, кој побара да биде анонимен за РСЕ изјави дека 12 лица повредени при експлозијата се хоспитализирани. Лекарот потврди дека Абдула Ирфан, назначен од талибанците полициски началник во областа Шигал, им подлегнал на повредите.

„Меѓу ранетите има и седум цивили, меѓу кои и ученик“, додаде докторот.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но во ппровинцијата делуваат припадници на Исламска држава-Хорасан позната по кратенката ИД-К.

Претходно ИД-К ја презеде одговорноста за некои од најновите напади, вклучувајќи го и самоубиствениот бомбашки напад меѓу верниците минатата недела во шиитска џамија во провинцијата Кундуз, во кој загинаа околу 100 луѓе.