Најмалку 46 луѓе загинаа при пожар во зграда во Тајван

Илустрација, архивска фотографија

При пожар кој избувнал синоќа во станбена зграда во јужен Тајван загинаа 46 лица, а 41 се повредени, соопштија денеска надлежните. 13 катницата што се запалила се наоѓа во градот Каосиунг. Во соопштението на противпожарната служба е посочено дека пожарот бил многу силен и за кратко време уништил многу катови. Надлежните денеска по гасењето на пожарот извршија увид и започнаа истрага за утврдување на причините.

Видеото објавено на тајванската телевизија прикажува портокалови пламени и чад како излегуваат од долните катови на зградата, додека пожарникарите прскаат со вода од улицата. Зградата е стара околу 40 години со продавници на пониските нивоа и станови погоре.