Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за помагање во извршување на убиствотона 26 годишниот Пинета Секондо-Пино, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје повторно беше осудена на 19 години затвор.
Пресудата во повтореното судење следува откако претходната беше укината од Апелацискиот суд во Скопје и предметот беше вратен на повторно судење. Причината за повторното судење беа вештачењата кои овој пат беа разјаснати од самите вештачи.
Адвокатите на осудената ќе ја обжалат и оваа пресуда, велат обвинителството нема докази дека Анѓела била соучесник. Обвинетиот за извршување на убиството, Али Фуркан, пак, сè уште е во бегство.
Пино Секондо исчезна на 11 декември 2018- та година. По него се трагаше речиси половина година. Неговото тело беше пронајдено случајно во дупка ископана на Љуботен.
Судењето за овој предмет го водеше судијката Ленка Давидкова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лидија Раичевиќ.