ЕУ „ќе почне да се распаѓа“ доколку не се соочи со полскиот предизвик

еврокомесарката Вера Јурова

Европската унија „ќе почне да пропаѓа“ доколку не ја оспори одлуката на врховниот суд на Полска дека националното законодавство ги надминува европските закони, изјави еврокомесарката Вера Јурова, задолжена за вредности и транспарентност во Европска комисија. Уставниот трибунал на Полска во минатата недела донесе пресуда против централниот принцип на европската интеграција, заострувајќи го спорот околу фундаменталните вредности меѓу евроскептиците кои владеат во Варшава и повеќето други членки на ЕУ. Повеќе од 100.000 луѓе протестираа во Полска во неделата за поддршка на ЕУ, алармирајќи дека се плашат оти нивната перспектива ќе биде напуштање на блокот или „Полексит“.

Полјаците против излегувањето од ЕУ

„Ако не го почитуваме принципот во ЕУ дека еднакви правила се почитуваат насекаде исто во Европа, цела Европа ќе почне да пропаѓа“, изјави Вера Јурова.

Полскиот Уставен суд ја оспори превласта на ЕУ над полското право

Комисијата, чувар на договорите на ЕУ, веќе го задржува одобрувањето за планот за закрепнување на Полска, неопходен за да ѝ се овозможи на Варшава да искористи милијарди евра достапни заедно со други пакети од блокот и има за цел да помогне во заживување на економскиот раст по пандемијата на коронавирус. Освен блокирање на исплатата на средства за наплата на штетите од ковид-19 во Полска, Комисијата може да продолжи со нова и допрва тестирана алатка за да го суспендира финансирањето на државите за кои се смета дека ги прекршуваат клучните вредности предвидени со европските закони. Комисијата со седиште во Брисел, исто така, може да покрене нов правен случај против Варшава за кршење на законите на ЕУ.