Започнаа разговорите на ОН за биолошката разновидност

Илустрација

Ова е „момент на вистината“, рече високиот претставник на ОН за биолошка разновидност на отворањето на разговорите за новиот глобален договор за заштита во Кунминг, Кина. Настанот делумно се одржува и преку интернет.

Елизабета Марума Мрема, извршен секретар на Конвенцијата на ОН за биолошка заштита, рече дека светот не ги постигнал потребните резултати во последната деценија и не можел да ги заштити клучните екосистеми.

Разговорите за биолошка разновидност ќе траат до 15 октомври, со надеж дека ќе се финализира меѓународниот пакт за време на втората рунда разговори следниот април-мај.

Фокусот на разговори е околу таканаречениот план „30 на 30“, кој има за цел 30 проценти од земјината топка и океаните во светот да добијат заштитен статус до 2030 година за да се заштитат клучните екосистеми што се сметаат за суштински за човечката благосостојба. Планот, исто така, бара да се престане со создавање на пластичен отпад.

Околу 1 милион растителни и животински видови се во опасност од истребување поради уништување на живеалиштата, прекумерна експлоатација, загадување и климатски промени.