Времето денеска: променливо облачно

Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток. Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 15 степени.